Дома Македонски спорт Мак фудбал Спортист на годината 2017: Заборски и Симовска најдобри во категоријата млади спортисти (ФОТО)

Спортист на годината 2017: Заборски и Симовска најдобри во категоријата млади спортисти (ФОТО)

Во рамки на манифестацијата за Спортист на годината, во организација на Агенцијата за млади и спорт, започна поделбата на наградите за најдобрите.

Имено, во категоријата најдобар млад спортист, епитетот најдобар го понесе каратистот Петар Заборски, во конкуренција на Елиф Елмас и Филип Кузмановски.

Во женска категорија во истата конкуренција, за најдобра млада спортистка е избрана каратистката, Симона Симовска.

За најуспешен женски тим наградата им припадна на македонските ракометни кадетки.

Во продолжение ги очекуваме и другите награди…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Евлоев запрен во втората рунда, Пеце со македонско знаме го прегрна успехот на синот

Александар Волкановски го задржа шампионскиот појас со технички нокаут во Абу Даби. Во сла…