Дома Македонски спорт Мак ракомет Спортинг падна пред Е.Пелистер во прекрасната атмосфера во Битола!

Спортинг падна пред Е.Пелистер во прекрасната атмосфера во Битола!

Tимот на Еурофарм Пелистер вечерва направи подвиг и во преполната сала „Боро Чурлевски“ го совлада Спортинг со 31:24.

За битолскиот тим ова беше последен натпревар во годината и сигурно дека е добро што завршиа со победа. После шест кола во групата во Европската лига Е.Пелистер е второпласиран со три победи, две реми и еден пораз.

Прекрсна беше атмосферата во салата и сигурно дека тоа беше мотив плус момците на Бабиќ. Од почетокот добро отворија пелистерци, поведоа со 5:2, а пота следувааше една серија на Спортинг од 6:0 (5:8). Тука Бабиќ повика тајм-аут по кој Е.Пелистер почна да игра подобро. До крајот на полувремето успеаа да го свртат резултатот и на пауза да заминат со водство од 14:13.

Стартот на второто полувреме донесе уште подобра игра за македонскиот преставник кој во 40. минута водеше со 21:17. До крајот Португалците не можеа ништо да направат, ништо не го нарушуваше ритамот на мотивираните ракометари на Е.Пелистер. Мандалиниќ и Периќ беа најефикасни со по седум гола, а Секељ го заврши мечот со десет одбрани.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Oдличен натпревар за Елмас и убедлива победа на Наполи 🎥

Наполи ја оправда фаворитската улога против Салернитана и славеше победа со 4:1 на домашен…