Дома Фудбал Репрезентации Споредби пред дербито: Србите вредат повеќе од Швајцарците

Споредби пред дербито: Србите вредат повеќе од Швајцарците


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Вечерва се игра големото дерби во третото коло од групната фаза во кое Србија и Швајцарија решаваат кој ќе оди во следната фаза.

Пред овој натпревар се прават разни споредби, па така се споредуваат и вредностите на фудбалерите. Според „Трансфермаркет“, специјализиран сајт за проценка на вредноста на фудбалерите, српскиот тим е поскап од швајцарскиот за 78.000.000 евра.

Вредноста на „орлите“ се проценува на 359.000.000 евра, додека Швајцарците чинеле 281.000.000 евра.

Најскапи од српската репрезентација се Душан Влаховиќ со 80.000.000 евра и Сергеј Милинковиќ Савиќ кој вреди 20.000.000 помалку.

Што се однесува до Швајцарците, најголема вредност во нивниот тим има стоперот на Манчестер Сити, Мануел Акаџи, кој вреди 30.000.000 евра, додека втор на листата е капитенот Гранит Џака, кој е поевтин за 2.000.000 евра.

Интересно, трет најскап играч на Швајцарија е резервниот голман Грегор Кобел, чуварот на мрежата на Борусија Дортмунд, но предност пред него има искусниот Јан Зомер, кој е стандарден играч во тимот на Мурат Јакин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Жиру става потпис на нов договор

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Оливие Жиру е блиску…