Дома Останати Кошарка НБА Спектакуларен Дејвис во победата на Лејкерси, Бјелица и Богдановиќ подобри од Дончиќ (ВИДЕО)

Спектакуларен Дејвис во победата на Лејкерси, Бјелица и Богдановиќ подобри од Дончиќ (ВИДЕО)

Кошаркарите на ЛА Лејкерси изминатата вечер на свој паркет ја победија Минесота со 142:125, а уште еден натпревар за паметење одигра Ентони Дејвис.

Минесота пружи добар отпор на Лејкерси, но на крајот немаа сили да направат изненадување, Лејкерси така стигнаа до нов триумф и сега имаат скор до 21-3, додека за Минесота ова беше 12. пораз (10 победи).

Во првото полувреме Лејкерси успеаа да дојдат предност, но гостите одржуваа пристијна разлика. После првата чтвртина Лејкерси водеа со 39:31, додека на пауза се замина со резултат 73:65 за домаќините.

Во продолжение Лејкерси ја чуваа предноста ,а кошаркерите на Минесота во последната четвртина се поморија со поразот. На крајот Лејкерси славеа со 142:125.

Фантастичен беше Ентони Дејвис кој постигна 50 поени и додаде уште седум скокови и шест асистенции. Леброн натпреварот го заврши со 32 поени, 13 асистенции четири скока.

Кај Минесота најефикасен беше Карл-Ентони Таунс и Ендрју Вигинс кои уфрлија по 19 поени.

Далас беше поразен дома против Сакраменто, а уште еден одличен натпревар одигра Лука Дончиќ, додека на спротивната страна победничкиот тим го предводеше Србинот Бјелица. Бјелица во победата од 106:110 уфрли 30 поени и запиша 7 скокови и 4 асистенции со што беше најефикасен на натпреварот. Дончиќ кај Далас оствари учинок од 29 поени, 7 скока и 8 асистенции. Богдановиќ беше скромен со 10 поени и по 3 асистенции и скокови.

НБА резултати:

Мајами – Чикаго 110:105

Филаделфија – Торонто 110:104

Вашингтон – Клиперси 119:135

Далас – Саркаменто 106:110

Портланд – Оклахома

Лејкерси – Минесотас 142:125

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

„Драга кошарко“: Најдобриот и најтрогателен анимиран филм посветен на Коби Брајант

Сета страст кон кошарката, сета посветеност кон играта и остварување на животниот сон на е…