Дома Фудбал Англија Голеада во Премиер лигата: Вулвс го победи Лестер во натпревар со седум погодоци! (ВИДЕО)

Голеада во Премиер лигата: Вулвс го победи Лестер во натпревар со седум погодоци! (ВИДЕО)

wolves leicester

Вулверхемптон после два врзани порази во Премиер лигата (Кристал Палас и Манчестер Сити) во 23-тото коло го дочека Лестер и славеше победа со резултат 4:3.

Домаќините до предност стигнаа во четвртата минута кога погоди Јота за 1:0.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Осум минути подоцна беше 2:0, погоди Бенет со глава.

До крајот на полувремето двете екипи создаваа шанса, но на одмор се замина со предност на Вулвс ос 2:0.

Второто полувреме донесе големо враќање на Лестер. Веќе во 47-тата минута го намалија заостанувањето, а четири миунти подоцна на семафорот стоеше 2:2.

Во 64-тата минута после одличната топка на Рубен Невеш Јота постигнува нов погодок за 3:2.

Домаќините имаа контрола и посед на топка, но во 87-та минута Морган погодува за 3:3.

Меѓутоа тука не беше крајот на возбудувањата, Јота во финишот од натпреварот комплетира хет-трик за конечни 4:3.







Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола не се опушта: Тоа што му се случи на Ливерпул, може да ни се случи и нас

По убедливата победа на Манчестер Сити над Брајтон тимот на Пеп Гвардиола е уште еден чеко…