Дома Фудбал Италија Спалети пред враќање во Серија А

Спалети пред враќање во Серија А

По малку и заборавениот Лучијано Спалети би можел наскоро да се врати на тренерската работа.

Тренерската кариера на Спалети во главно е поврзана за екипата на Рома. Со „волчицата“ освои два трофеи и тие два беа во Купот и Суперкупот на Италија.

Италијанецот на два пати ги водеше Римјаните. Првиот пат од 2005 до 2009 година, додека вториот мандат му траеше само една сезона, 2016/2017, го напушти Рим и потпиша со Интер на две години.

Според пишувањето на некои медиуми сега е време да се врати во Серија А, а се споменува екипата на Наполи.

Наполитанците веројатно на крајот од сезоната ќе му се заблагодарат на Гатузо. Се споменуваше и Сари, но изгледа Спалети во овој момент е прв фаворит.

Покрај трофеите со Рома, Спалети со Зенит освои уште две титули шампион на Русија, еден Куп и еден Суперкуп на оваа земја. Во тренерската кариера водел клубови на 905 натпревари и има скор од 456 победи 222 нерешени натпревари и 227 порази во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Херојот на Рома од финалето во Конференциската лига ја „украде“ веспата на Мурињо 🎥

Николо Заниоло стана херој на Рома, откако постигна гол во финалето против Феенорд во Конф…