Дома Фудбал Италија Спалети: Не заслуживме пораз!

Спалети: Не заслуживме пораз!

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети смета дека неговите играчи не заслужиле пораз во дербито против Јувентус синоќа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Ќе биде потребно повеќе од една непреспиена ноќ. Не го заслуживме поразот и тоа треба јавно да се каже. Јасно е дека мораме да се помириме со тоа, иако горчината е голема. Натпреварот за нас беше од големо значење, како и за играчите така и за навивачите. Работата е што моите играчи не се роботи, тие доаѓаат на натпреварот со емоции и ова сигурно дека ќе остави последици“, изјави Спалети.

Спалети, исто така, имаше некои забелешки до судијата Даниеле Орсато, кој според него не судел со исти критериуми за двата тима.

„Тешко е да се процени. Мислам дека судијата не ги проценуваше ситуациите за двата тима на ист начин. Изгубивме, бидејќи потрошивме премногу енергија откако останавме со 10 фудбалери на теренот. При израмнувачкиот гол за 2:2 дејствувавме хаотично и немаше среќа. Тимот заслужуваше повеќе“, заклучи Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јунајтед бесплатно ги пушти играчите за кои ги плати 170 милиони евра

Џејдон Санчо (26), Касемиро (34) и Тајрел Маласија (26) заминуваат од Манчестер Јунајтед к…