Дома Фудбал Италија Спалети: Икарди е најдобриот кој некогаш сум го тренирал

Спалети: Икарди е најдобриот кој некогаш сум го тренирал

Тренерот на Интер, Луциано Спалети тврди дека Мауро Икарди е најдобриот фудбалер кој некогаш го тренирал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако во кариерата ги тренираше напаѓачите како Франческо Тоти, Виченцо Монтела, Един Џеко, Спалети тврди дека Икарди е најдобриот.

За него има комплименти кој не се среќаваат често во светот на фудбалот.

„Икарди е врвен играч, врвен финишер. Знае каде треба да биде, знае да даде гол. Точно знае каде ќе дојде топката. Тој е најдобриот кој сум го тренирал. Тој е убиствен.“ – изјави Спалети.

Аргентинскиот напаѓач оваа сезона  одигра 32 натпревари во Серија А и постигна 28 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лина испиша историја, ќе игра на Вимблдон!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја потврди одличната форма во која игра во п…