Дома Македонски спорт Со Пандев можеме да бидеме мирни, ги чекаме вестите од Неапол!

Со Пандев можеме да бидеме мирни, ги чекаме вестите од Неапол!

Вторите тестови во Џенова донесоа добри вести за нас – Пандев е сигурен за Косово!

Новите тестирања во Џенова покажаа дека нови заразени нема, а тоа е добра вест затоа што Пандев како што ни потврди претходно не беше помеѓу 14-те заразени.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оваа информација значи дека Пандев ќе нема пречки да игра против Коосво на арената „Тодор Проески“ на 8. октомври во важниот меч со Косово.

Сега нашето внимание е насочено кон Неапол и Елиф Елмас. Џенова играше против Наполи во саботата, па затоа сите во овој клуб се тестирани и се чекаат резултати. Лошо е што на теренот имало шестмина кои играле. Елмас на овој натпревар играше од 20-тата минута кога влезе на местото на Инсиње.

Елмас е исклучително важен за нашата репрезентација па затоа чекаме и се надеваме дека се ќе биде во ред и со него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг

Манчстер Јунајтед на крајот на сезоната ќе го откупшти тренер Ерик Тен Хаг, тврдат медиуми…