Дома Фудбал Со добра причина: Директорот на Милан мораше да им се извини на Фиорентина

Со добра причина: Директорот на Милан мораше да им се извини на Фиорентина

Директорот на Милан, Масимилиано Мирабели се нашали на сметката на Фиорентина.

Имено, Мирабели зборуваше за новото засилување, Никола Калиниќ и преку шега рече дека ќе го вратиме „таму“ (Фиорентина) доколку не постигнува голови, што не им се допадна на управата на тимот од Тоскана.

Тие во своето соопштение изјавија дека Мирабели зборот „таму“ го употребил во понижувачки контекст, и го потесетија дека Фиорентина е клуб во кој играчите создале историја, а многу брзо пристигна и одговорот од директорот на Милан.

„Секогаш гледав со голема почит и восхит кон Фиорентина, нејзините сопственици, директори и навивачи. Доколку некој моите зборови ги сфати како недостаток на почит, се извинувам. Мислам дека од мојот глас, изразот и говорот на телото јасно беше дека е шега, без никаква намера за понижување“, изјави Мирабели.

Потсетуваме, Милан ова лето успеа да го „украде“ од Фиорентина Калиниќ. Хрватскиот напаѓач ова лето стана 11. засилување на Милан, а на „Сан Сиро“ според договорот би требало да остане до 2021. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Волтемаде го спаси Јувентус, па откри: За пеналот прво го прашав Коло Муани

Јувентус остана без победа против Рен (2-2), а Ник Волтемаде откри како ја презел одговорн…