Дома Фудбал Англија Состанок во Тотенхем: Може ли Конте да остане тренер?

Состанок во Тотенхем: Може ли Конте да остане тренер?

Раководството на Тотенхем до вечерва би требало да одлучи дали тренерот Антонио Конте ќе остане да го води тимот и по репрезентативната пауза.

Се шпекулира дека Тотенхем ќе му врачи отказ на Конте, поради неговите остри критики кон играчите по ремито 3:3 против Саутемптон во Премиер лигата.


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


Конте ги нарече играчите себични, додавајќи дека постојано бараат изговори и потсети дека клубот долго време е без трофеј.

Како што пренесува „Скај“, извори блиски до италијанскиот тренер изјавиле дека тој не го кажал ова за да добие отказ, туку со цел да ги натера сите во клубот да работат за доброто на тимот.

Договорот на Конте истекува на крајот од сезоната, а низ медиумите веќе може да се прочитаат имиња за негови можни наследници.

Следува пауза на првенствата поради репрезентативни обврски, а тоа Конте го искористи да замине дома во Италија во посета на семејството. Тој смета дека некои играчи се задоволни со тоа што се просечни, без разлика кој е тренер и дека карактерот на клубот не е добар, поради што никогаш нема да биде успешен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италија си даде автогол, Шпанија во осминафинале🎥

Шпанија го доби дербито против Италија со 1:0 и тоа со автогол и го обезбеди првото место …