Дома Фудбал Сопствениците не планираат да го продадат Арсенал

Сопствениците не планираат да го продадат Арсенал

Навивачите на Арсенал бараат сопствениците да го продадат клубот после неуспехот со Суперлигата.

Семејството Кроенке не размислува за продажба на клубот и денес преку соопштение им одговори на фановите.

„Остануваме целосно посветени на Арсенал и нема да го продаваме уделот во клубот. Не сме добиле никаква понуда ниту ќе разгледаме ако пристигне. Нашата цел е Арсенал да се натпреварува за најголемите трофеи и нашиот фокус останува на подобрување на конкурентноста на терен“, се вели во соопштението.

Стен Кроенке од 2011 година е сопственик на 62,89%. Неговиот син Џош е директор на клубот и е вклучен во работата на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гужва во хрватскиот втор ранг: Осум екипи во четири бода, Вуковар тоне

Младост Ждралови е лидер по 11 кола, но конкуренцијата е збиена. Вуковар, кој минатата сез…