Дома Фудбал Италија Сопствениците на Милан не се задоволни од спортскиот директор – го сакаат Сабатини!

Сопствениците на Милан не се задоволни од спортскиот директор – го сакаат Сабатини!

„Газета дело Спорт“ пренесува дека кинеските сопственици на Милан не се задоволни од работата на спортскиот директор Масимилиано Мирабели и дека размислуват за негова смена.

Трансфер кампањата која ја направи Мирабели минатото лето кога потроши 250 милиони евра не вроди со плод, па сопствениците во него гледаат најголема одговорност.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Притоа, Мирабели инсистираше Гатузо да добие нов договор пред завршување на сезоната, нешто што на сопствениците не му се допаднало.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека прв избор на сопствениците е поранешниот спортски директор на Интер и Рома, Валтер Сабатини.

Наводно претставници на „росонерите“ веќе имале средба со Сабатини во Лондон и започнале преговори.

Сабатини важи за еден од најдобрите спортски директори на Апенините, а неодамна самиот си даде отказ од Интер и е без ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Продолжува сагата со договорот на Винисиус со Реал Мадрид

Сагата околу обновувањето на договорот на Винисиус Жуниор со Реал Мадрид се претвора во ви…