Дома Фудбал Италија Сопствениците најавија: Милан ќе гради нов стадион со капацитет од 70.000 седишта!

Сопствениците најавија: Милан ќе гради нов стадион со капацитет од 70.000 седишта!

Раководството на Милано донело одлука и веќе најави изградба на нов стадионо со цел „росонерите“ во финансиски аспект рамноправно да се натпреваруваат со елитните тимови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На самиот за бизнис на фудбалот во Лондон Кардинале изјави дека новиот стадион на Милан ќе има капацитет од 70.000 седишта.

„Дефинитивно тоа ќе биде добро за Италија и Серија А, не само за Милан“, изјави Кардинале.

Подолго време градските ривали размислуваат да го напуштат историскиот „Сан Сиро“ кој е во сопственост на локалната власт.

„Компанија која ќе ја отворам сакам да го гради стадионот, а потоа сакам таа компанија да гради стадиони и на други клубови во Серија А“, порача Кардинале.

Се огласи и Златан Ибрахимовиќ кој денес е во раководството на „росонерите“.

„Одлични спомени, но секогаш има и нов почеток за се“, изјави Ибра.

Кариерата Ибрахимовиќ ја заврши во 2023 година токму во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за …