Дома Фудбал Останато Сопственикот на Олимпијакос го распушти клубот и ги казни играчите со 400.000 евра!

Сопственикот на Олимпијакос го распушти клубот и ги казни играчите со 400.000 евра!

Сопственикот на Олимпијакос Евангелос Марианакис важи за еден од најконтроверзните претседатели во европскиот фудбал. Во секој поглед почнувајќи од изгледот, па се до постапките.

Дека не е паметно да го налутите се уверија фудбалерите на грчкиот гигант кој оваа сезона ќе остане без титулата шампион, прв пат после седум години.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Олимпијакос на четири кола пред крајот заостанува зад лидерот АЕК три бода, игра лошо и би можел да остане и без учество во Лигата на шампионите, каде што е редовен учесник години наназад.

Во минатото коло Олимпијакос на гостувањето ремизираше со Левадиакос (1:1), што беше капката која ја „прели чашата“ за трпението на Марианакис. Сопственикот на клубот од Пиреја одлучи да го распушти тимот и да ги казни играчите со дури 400.000 евра.

„Доста ве трпевме и јас и навивачите. Денес заминувате од клубот и одите на одмор, пред тоа целата екипа ќе плати казна од 400.000 евра. Пола од тој износ е за бодот во градското дерби против Панатинаикос, а втората половина за идентичниот неуспех против Левадиакос“, порача Марианакис.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Објавен составот на Реал Мадрид за новата сезона со Алонсо на клупата (Фото)

Во последниве недели се шират шпекулации дека Чаби Алонсо ќе стане новиот тренер на Реал М…