Дома Фудбал Сопругата му заклучила се: Мората останал на „улица“ по натпреварот со Барселона

Сопругата му заклучила се: Мората останал на „улица“ по натпреварот со Барселона

Шпанскиот репрезентативец од Јувентус, Алваро Мората се нашол во една малку непријатна ситуација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус играше со Барселона во „Жоан Гампер трофејот“ и тој натпревар убедливо го загуби. По натпреварот Мората стигнал дома во четири часот наутро. Кога стигнал пред домот го дочекале заклучени врати.

Сопругата на Мората, Алис заклучила се, а проблемот бил што Мората не носел клуч и не можел да го деактивира системот за безбедност без да предизвика паник.

Во таква ситуација тој не сакал да ги буди сопругата и децата во раните утрински часови, па ноќта ја поминал во еден од хотелите во Торино.

„Стигнав дома во четири наутро и што да видам – блокада. Сопругата заклучила се. Браво, секоја чест“, им открил Мората на новинарите.

Неговата сопруга се правдеше дека заспала и не било ништо со намера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пресврт во трансферот на Ромеро? Интер нема доволно средства, Атлетико ја следи ситуацијата

Аргентинскиот стопер Кристијан Ромеро сè уште е желба на Интер, но неговиот трансфер од То…