Кореецеот во тимот на Тотенхем, на последните три од четири натпревари постигна по два погодоци, по што стана најзаслужен што Спарси како гости славеа победа над Борнмаут со 1:4, во рамки на 30. коло во Премиер лигата.
Бонрмаут рано дојде до водство преку Станислас веќе во седмата минута од мечот, па екипата на Хоа водеше до десет минути пред крајот на првиот дел, кога израмни Деле Али.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Една минута пред израмнувањето, Покетино мораше да го извади од игра повредениот Хари Кејн и наместо него на теренот истрча Ламела.
Влегувањето на Аргентинецот и излегувањето од игра на најдобриот стрелец значително го зголеми притисокот на Сон на позицијата најистурен играч, па тој одлично се снајде и со два погодоци во продолжението го реши прашањето за победникот.
Сон по нешто повеќе од еден час игра зголеми на 1:2, а три минути пред крајот на 90. минута постигна и втор погодок на асистенција на Ериксен.
Во продолжението Беговиќ капитулираше и четврти пат, кога Орије ги постави конечните 1:4.