Дома Фудбал Останато Сонг за почетоците во Арсенал: Си купив кола како на Анри, па ја вратив – немав пари за бензин

Сонг за почетоците во Арсенал: Си купив кола како на Анри, па ја вратив – немав пари за бензин

Поранешниот камерунски репрезентативец Алекс Сонг зборуваше за еуфоријата кај младите професионални фудбалери кога ќе им се укаже прилика да станат богати.

Сонг се потсети на денот кога во 2006 година пристигна во Арсенал и кога го доби првиот професионален договор кој му донесе добра финансиска заработка. Заработуваше и претходно во Бастија, сепак разликата со платата во Бастија и Арсенал била огромна.

„Кога дојдов во Арсенал го потпишав првиот професионален договор и добивав 15.000 фунти неделно, бев толку еуфоричен. Замислете млад тинејџер кој од 4.000 фунти скокнал на заработка од 15.000 фунти“.

„Можев да купувам било каде и да поминувам луди ноќи. Отидов на тренинг и го видов автомобилот на Анри кој беше вистинска ѕверка и беше прескап. Си кажав себе си дека сакам ист таков автомобил. Отидов, потпишав документи и се договорив да го плаќам со траен налог и имав ист автомобил како и кралот Анри. Но, тој автомобил морав да го вратам за два месеци затоа што сите пари ги потрошив на бензин. Тогаш им кажав: Дајте ми Тојата, ова е премногу за мене“.

Анри забележал дека Сонг го променил автомобилот.

„Кога следниот тренинг дојдов со Тојатата, Тиери ме праша: Каде ти е автомобилот? Му кажав дека јас не сум тоа ниво“.

„Во текот на времето поминато во Арсенал не заштетив ниту 100.000 фунти, додека луѓето мислеа дека сум милионер. Кога Барселона ми понуди договор не размислував два пати. Чувствував дека јас и моето семејство треба да имаме пријатни животи и после кариерата. Знаев дека ќе станам милионер кога ги видов бројките“, раскажа Зонг.

Трансферот на Сонг од Арсенал во Барселона се случи во 2012 година.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анализа и предлог тип: Се очекува голеада во Мехенгладбах

Борусија Менхенгладбах е домаќин на Унион Берлин во еден од двата меча кои се на програмат…