Дома Фудбал Англија Солскјер: Фернандеш е микс на Сколс и Верон

Солскјер: Фернандеш е микс на Сколс и Верон

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер е воодушевен од новото засилување Бруно Фернандеш.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот пристигна на „Олд Трафорд“ во јануари и веднаш почна позитивно да влијае на играта на „црвените ѓаволи“.

Фернандеш запиша гол и асистенција во победата над Ватфорд, а Солскјер имаше само пофални зборови за неговите квалитети.

„Мислам дека со неговиот трансфер направивме одлична зделка, со оглед на денешниот пазар. Уште од самиот старт се справува одлично. Навивачите се навикнати со играчи кои имаат таков менталитет и квалитети, тој е вистински играч за Манчестер Јунајтед“.

„Уште од првиот тренинг ја бараше топката во нозете, некои играчи имаат потреба од време, но тој веднаш се почувствува како дел од групата. Според мене Бруно е микс помеѓу Сколс и Верон“, заклучи Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ма какво пензионирање: Лука Модриќ доби повик што не можеше да го одбие!

Многумина сметаат дека натпреварот против Португалија беше последен за Лука Модриќ во дрес…