Дома Фудбал Останато Солскјер: Тешко е да се игра против Милан

Солскјер: Тешко е да се игра против Милан

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер откри дека секогаш претпочита неговиот клуб да го игра реваншот на гостински терен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Утре Манчестер Јунајтед му гостува на Милан во реваншот од осминафиналето од Лига Европа.

„Уште минатата недела видовме колку е тешко да се игра против Милан. Тимот е физички силен, има квалитет и енергија. Треба да бидеме на највисоко ниво за да одиме понатаму. Откако сум тука никогаш не сум имал среќа во ждребот. Но, морам да признаам дека секогаш повеќе сакам да гостувам за реваншот“, изјави Солскјер.

„Мојот тим напредува секој ден. Кога станува збор за составот, Марсијал сигурно нема да патува во Милано. Меѓутоа се враќаат Погба, Ван де Бек, Кавани и Рашфорд. Утре ќе го одлучам стартниот тим“, додаде Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рангник: Договорено реми? Ова беше вистинско финале како од Холивуд

Австрија и Алжир одиграа спектакуларни 3-3 во последното коло од групната фаза на Светскот…