Норвежанецот Оле Гунар Солскјер ја одбил понудата да ја преземе селкторската позиција во репрезентацијата на Данска.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според медиумите „Типсбладете“ Фудбалскиот сојуз на Данска испратил понуда до Солскјер меѓутоа тој ја одбил истата велејќи дека преговара со топ клуб, но засега името не се открива.
Солскјер е без ангажман откако замина од Манчестер Јунајтед во 2021 година. На клупата на „црвените ѓаволи“ тој седеше од декември 2018 година. Претходно ги предводеше екипите на Молде и Кардиф.
Неодамна Солскјер во едно интервју призна дека не би го одбил Јунајтед ако добие понуда.