Дома Фудбал Англија Солскјер: Нормално дека Погба не е среќен

Солскјер: Нормално дека Погба не е среќен

Meнаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер признава дека Пол Погба е несреќен, но инсистира на тоа дека Французинот ги има сите квалитети да и помогне на екипата да излезе од кризата.

Иднината на Погба повторно се најде на насловните страни, посебно откако Погба сам призна дека за него играњето за Франција во овие моменти е како вдишување на свеж воздух.

Погба во изминатите денови беше стартер на сите три натпревари за репрезентацијата на Франција, за разлика од натпреварите на Манчестер Јунајтед оваа сезона каде што од седум натпревари во Премиер лигата беше стартер на четири, додека во Лигата на шампионите од првата минута започна само на еден натпревар.

Медиумите пред денешниот натпревар на Јунајтед против ВБА го запрашаа Солскјер за ситуацијата на Погба.

„Секогаш се трудам на прес-конференциите да одогварам на прашањата на медиумите, но некогаш тоа не испаѓа како што треба. Медиумите знаат да објават само она што нив им одговара, па така луѓето кои тоа го читаат немаат комплетен увид и добиваат погрешна слика. Доволно сме тука сите искусни за да избегнеме сензационалистички наслови“.

„Разговарав со Пол за неговата ситуација. Нормално дека не е среќен кога не игра и кога не игра добра. Не е задоволен од своите настапи. Игра на иста позиција и кај нас и во Франција“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Светците“ подобри од „ѓаволите“, Жиру имаше шоу во Севиља🎥

ПСЖ го освои „Олд Трафорд“, фаворитите  немаа проблем вечерва во Лигата на шампиони. Гости…