Дома Фудбал Солскјер: Не заслуживме да ја поминеме групата

Солскјер: Не заслуживме да ја поминеме групата

Вчерашниот пораз на Манчестер Јунајтед на гости против Лајпциг од 2:3 значеше и преселба за „црвените ѓаволи“ во Лигата на Европа што секако е разочарувачки за навивачите на овој клуб.

Стратегот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер по натпреварот беше реален и порача дека неговиот тим не заслужил да игра во нокаут фазата од ЛШ.

„Не игравме добро и не заслуживме да ја поминеме групата. Поразот во Истанбул имаше негативен ефект врз нас. Невозможно е како изгубивме таму, со Лајпциг бевме блиску до нерешено, но не можевме да направиме ништо со константните нафрлувања на противникот“, изјави норвешкиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…