Дома Фудбал Лига на шампиони Солскјер: Барселона? Не ни е гајле, ако сакаш да бидеш шампион мораш сите да ги победиш

Солскјер: Барселона? Не ни е гајле, ако сакаш да бидеш шампион мораш сите да ги победиш

0
solskjer

Денес во Нион беа извлечени четвртфиналните парови за Лигата на шампионите.

Манчестер Јунајтед откако го изненади Пари Сен Жермен со голот во последните минути во Париз во четвртфиналето добија уште еден тежок противник.

Станува збор за Барселона, стариот ривал на Јунајтед уште од времето на Сер Алекс Фергусон кога овие два клуба играа финалиња во ова натпреварување. Од заминувањето на Фергусон работите во Манчестер Јунајтед не се исти, но започнаа да се менуваат на подобро кога во клубот пристигна Оле Гунар Солскјер.

Норвежанецот во декември беше именуван за менаџер на Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната. Од него се очекуваше да биде само привремено тука и да се обиде да го смири хаосот кој зад себе го остави Жозе Мурињо.

Никој не веруваше дека дури три месеци после неговото именување Манчестер Јунајтед ќе го доживее првиот пораз, тоа се случи во минатото коло против Арсенал. Освен тоа овој клуб како што споменавме го елиминираше ПСЖ во Лигата на шампионите и тоа откако надополни пораз во првиот натпревар од 0:2.

Поради тоа и не зачудува оптимизмот кај навивачите на „црвените ѓаволи“ кои веруваат во елиминација на Барселона. Од друга страна на Солскјер изгледа не му е премногу важно против кого игра неговиот тим во Лигата на шампионите.

„Не ни е гајле против кого играме. Во оваа фаза не можете да добиете лесен противник затоа што го нема. Освен тоа ако сакате да станете европски шампион морате да бидете спремни да ги победите сите“, изјави Солскјер.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Најбрзите во Премиер лигата: Голманот на Фулам бил побрз од Салах!

Сезоната во Премиер лигата е завршена, а сега е откриено кои играчи беа најбрзи во ова нат…