Дома Фудбал Англија Солзи и тага: Михтаријан се збогува со своите соиграчи од Јунајтед

Солзи и тага: Михтаријан се збогува со своите соиграчи од Јунајтед

Клучниот човек се чини за реализација на трансферот на Алексис Санчез од Арсенал во Манчестер Јунајтед е Ерменецот, Хенрик Михтаријан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За официјализација на овој трансфер, се чекаат само моменти, а од Островот пристигнуваат информации како Ерменецот ја доживува ваквата ситуација.

Имено, Михтаријан не е толку задоволен од својот трансфер, иако го прифати барањето на Мурињо, па потешко од очекуваното се збогува со своите соиграчи.

Како што се наведува, тој плачел додека го напуштал тренинг центарот на Јунајтед.

„Имаше навистина многу солзи. Хенрик беше многу популарен меѓу своите соиграчи во Јунајтед и му беше навистина тешко да ја прифати оваа ситуација“, истакна близок извор од стручниот штаб на Мурињо за угледниот „Дејл Меил“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Паднал во депресија по трагедијата со Жота: Тоа ме уништи, ништо не ме интересираше

Портгалскиот фудбалер Диого Жота загина во сообраќајна незгода во јули минатата година, а …