Луис Суарез е најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата, а вчера го одигра својот последен натпревар пред домашните навивачи.
Суарез настапи во натпреварот против Парагвај кој заврши без победник 0:0. Навивачите имаа можност за последен пат да го видат на стадионот, Сентенарио во Монтевидео.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
На малата свеченост се појавија и селекторите кои го водеа во репрезентацијта, додека на семафорот се емитуваа пораку од Меси и Нејмар кои освен што негови поранешни соиграчи, се и долгогодишни пријатели.
Во тие моменти Суарез очекувано беше емотивен и не можеше да ги задржи солзите. Првиот натпревар за националниот тим Суарез го одигра на 7 февруари 2007 година, а првиот гол го постигнаа истата година во октомври.
Негов најголем успех беше освојувањето на Копа Америка во 2011 година, една година претходно на Мундијалот во Јужна Африка играше полуфинале.
Momento de mayor emoción en el Estadio Centenario. El reencuentro entre Luis Suárez y Oscar Washington Tabarez. pic.twitter.com/6XYHkr2H14
— Franco Fernández (@FernandezSurkov) September 7, 2024
✉️🥹❤️ Messi's message to Luis Suarezpic.twitter.com/yMLaZ66Oxw
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) September 7, 2024