Дома Фудбал Соиграч на Пандев позитивен на Ковид-19 пред дуелот со Наполи

Соиграч на Пандев позитивен на Ковид-19 пред дуелот со Наполи

Голманот на Џенова, Матија Перин е позитивен на „Ковид-19“.

Тимот за кој настапува Пандев бил тестиран вчера во пресрет на натпреварот против Наполи, а на тестирањето Перин бил единствениот позитивен.

Оваа вест ја потврди тренерот на Џенова Роналдо Маран на прес-конференцијата пред дуелот со Наполи. Перин според правилата нема да биде во комбинација за натпреварот и веднаш бил испратен во самоизолација.

Ќе потсетиме утрешниот натпревар од 15:00 часот помеѓу Џенова и Наполи ќе биде и средба на македонските фудбалер Елмас и Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Младите без страв против Швајцарија: во Турново продолжува битката за Лига А

Македонија до 19 години по ремито со Северна Ирска ја чека пресметка со Швајцарија. Само п…