Дома Македонски спорт Мак фудбал Снежна бура го одложи летот на Вардар за Анталија и Милевски и Канатларовски чекаат

Снежна бура го одложи летот на Вардар за Анталија и Милевски и Канатларовски чекаат

Екипата на Вардар денес требаше да пристигне во Анталија на подготовките, но летот беше одложен поради големото невреме и големиот снег кој падна во Истанбул и околината.

Поради снежното невреме авионските линии се во прекин на неодредено време, па така вардарци ќе почекаат. Со истиот проблем се соочија и селекторот на „А“ репрезентацијата Благоја Милевски и селекторот на У21 Драган Канатларовски.

Двајцата селектори денес требаше да отпатуваат во Ангалија и да ги следат натпреварите на македонските екипи.

Турските медиуми пренесуваат дека снег во овој град паѓа после 25 години. За македонските екипи кои се веќе таму нема проблеми и можат да тренираат.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Официјално: Муарем Бајрами го продолжи договорот со Македонија Ѓорче Петров

Tренерот на Македонија Ѓорче Петров Муарем Бајрами ја продолжи верноста кон клубот во след…