Дома Фудбал Слушнавме и вакво нешто: Бензема дефинитивно е подобар играч од Меси

Слушнавме и вакво нешто: Бензема дефинитивно е подобар играч од Меси

Со заминувањето на Кристиано Роналдо главен напаѓач на Реал Мадрид стана Карим Бензема.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бензема оваа сезона игра фантастично и се почесто добива пофалби од спортската јавност. Французинот оваа сезона има 18 голови и шест асистенции на 35 натпревари.

Меѓутоа колку и да е во добра форма Безнема со сета почит кон неговите фудбалски квалитети она што го кажа новинарот Антонио Санз е вистинска лудост.

Санз е новинар на „Марка“, а неговиот коментар гостувајќи во „Радио Марка“ брзо стана хит.

„Бензема дефинитивно е подобар играч од Лионел Меси“, прокоментира Санз.

Тешко дека овој негов коментар ќе биде сериозно сфатен дури и од навивачите на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед нема никаква намера да се раздели со Бруно Фернандеш

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, не се продава и клубот нема никаква наме…