Дома Македонски спорт Мак ракомет Службени бодови и за Металург и Е.Пелистер во Европската лига

Службени бодови и за Металург и Е.Пелистер во Европската лига

Покрај Вардар и Металург и Еурофарм добија службени бодови во Европската Лига.

Металург службено го доби натпреварот против Тулуз, а битолчани мечот со Рајн Некар Левен. За Металург оваа службена победа е прва сезонава, откако на претходните осум натпревари македонскиот претставник запиша само едно реми.

Еурофарм Пелистер од друга страна со овие бодови стигна до 11 (петта победа) и се зацврстија на четвртата позиција на табелата. За германскиот гигант ваквиот пораз беше прв во сезоната.

Причината поради која Е.Пелистер доби службени бодови е неможноста Рајн Некар да допатува во Македонија поради строгите мерки и рестрикциите кои се на сила во Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Одложен натпреварот помеѓу Е.Пелистер и ППД Загреб

Одложен натпреварот од СЕХА Гаспром лигата меѓу Еурофарм Пелистер и ППД Загреб Натпреварот…