Дома Фудбал Слот со победа дебитираше на клупата на Ливерпул

Слот со победа дебитираше на клупата на Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул го победија Бетис во првиот подготвителен натпревар во Питсбург со резултат 1:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неодамна, на самиот старт од своите летни подготовки, Ливерпул одигра меч со Престон Норт Енд зад затворени врати и загуби со 0:1 на премиерата на новиот тренер Арне Слот, но првиот меч отворен за јавноста беше оној од Питсбург со што започна турнејата низ Соединетите Американски Држави .

Во, секако, исклучително комбиниран тим, Ливерпул го совлада шпанскиот тим со голот на Доминик Собослаи по убавата асистенција на Мохамед Салах.

Ливерпул во текот на подготовките ќе игра и против Арсенал, Манчестер Јунајтед, Севиља и Ипсвич.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманот кој е „српски зет“ блесна на Мундијалот, па ја „пецна“ сопругата: Сега конечно ја надминав!

Меѓу најзабележливите фигури досега на Светското првенство во фудбал е голманот на Курасао…