Дома Фудбал Англија Следува лудница во ПЛ после исфрлањето на Сити од ЛШ

Следува лудница во ПЛ после исфрлањето на Сити од ЛШ

УЕФА го исфрли Манчестер Сити од ЛШ на две години поради кршење на финансискиот фер плеј.

Клубот веднаш најави жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана, а ако тој ја потврди казната во ПЛ ќе настане вистинска лудница за уште едно место кое води во ЛШ.

Скоро сигурно е дека Сити ќе заврши помеѓу четирите најдобри, но после одлуката петопласираниот тим од ПЛ може да се пласира во ЛШ.

А за оваа позиција се борат многу. Моментално на петото место е Шефилд Јунајтед, но со оглед на малата бодовна разлика помеѓу екипите во ЛШ можат да завршат и екипи кои се многу полошо пласирани.

Шефилд моментално има 39 бода и се наоѓаат пред Тотенхем, Евертон, Јунајтед и Волвс, па веројатно меѓу овие екипи ќе се бара дополнителниот патник во ЛШ.

Тие сигурно ќе се молат Сити официјално да биде исфрлен, а после тоа ќе настане вистинска лудница во ПЛ во борбата за петото место.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Момче кое собира топки избрза и запре топка која се уште беше на теренот, па почна да плаче (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Вест Хем го обележа едно момче кое собира топки. На по…