Дома Фудбал Репрезентации Славната американска фудбалерка Карли Лојд стави крај на репрезентативната кариера

Славната американска фудбалерка Карли Лојд стави крај на репрезентативната кариера

Прославената американска фудбалерка Карли Лојд изминатата ноќ го одигра последниот натпревар за својата репрезентација.

Лојд настапи во пријателскиот натпревар на САД против Јужнја Кореја. Својот 316 настап го заврши во 65. минута кога беше заменета од Алекс Морган. Во кариерата за репрезентацијата постигна 134 гола.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Навистина долга кариера, не знам дали би имала нешто повеќе да кажам. Сакам да се заблагодарам на навивачите, скептиците, критичарите…на сите. Ме мотивиравте да одам напред и многу сум благодарна“, изјави таа. За репрезентацијата Лојд дебитираше против Украина на 10. јули 2005 година.

Ќе потсетиме селектор на женската репрезентација на САД е Македонецот Влатко Андоновски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …