Дома Фудбал Англија Сколс удри по Лукаку и Санчез и заклучи: Јунајтед е сега како Ливерпул!

Сколс удри по Лукаку и Санчез и заклучи: Јунајтед е сега како Ливерпул!

Легендарниот Полс Сколс не го штеди Мурињо и играчите на својот бивши клуб и го користи секој момент да упати критики.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Мета на Сколс овој пат беа напаѓачите Санчез и Лукаку, а легендата твради дека клубот сега дошол за потсмев, како што тие му се смееле на Ливерпул во претходните години.

„Ние едноставно станавме нов Ливерпул. Ни се смеат фановите на најголемите ривали, како и оние на Манчестер Сити“, изјави Сколс.

„Алексис Санчез е толку себичен што не може да игра во Јунајтед, но не можат ни да го продадат бидејќи му дадоа огромна плата за да го купат пред носот на Сити“, заклучи Сколс и на крајот го прокоментира Лукаку.

„Не сум сигурен дека може Јунајтед да освои титула со голгетер како Лукаку. Неговата игра во казнетиот простор не е доволно добра, а надвор од шеснаесетникот го нема. Тој е брз и силен, но изгледа како да му недостасува самодоверба. Игра постојано бидејќи нема никој друг кој може да игра централен напаѓач“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Важен ден на „Олд Трафорд“: Детето на Јунајтед потпиша до 2031!

Талентираниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Коби Мајну (21), ја продолжи соработка…