Дома Фудбал Италија Скарони: Милан е светски, Јувентус италијански клуб

Скарони: Милан е светски, Јувентус италијански клуб

0

Денес со натпреварот помеѓу Парма и Јувентус во 18:00 часот стартува новата сезона во Серија А.

Пред стартот на сезоната претседателот на Милан, Паоло Скарони кој ќе се обиде да го врати Милан на старите патеки испрати мала провокација до ривалот од Торино.

Скарони го спореди Милан со Јувентус и потенцираше дека Милан е светски клуб, а Јувентус само италијански поради трофеите кои во Европа кој ги имаат освоено „росонерите“.

„Милан е светски клуб затоа што имаме освоено седум титули во Лигата на шампионите. Јувентус има помалку во Европа и повеќе во Италија, тие се италијански клуб. Секако дека и тоа е резултат за почит“, изјави Скарони.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Марка“ удри по Зидан и Раул: Клубот мора да реагира

Бразилецот Родриго Гоес стигна во Реал Мадрид летово за 45 милиони евра од Сантош како фуд…