Дома Топ вести Скапоцениот штопер ги поминал прегледите: „Граѓаните“ утре го претставуваат големото засилување

Скапоцениот штопер ги поминал прегледите: „Граѓаните“ утре го претставуваат големото засилување

laporte.

Изгледа дека повеќе нема дилеми, Манчестер Сити добива ново големо засилување.

Како што пишува шпанскиот медиум „Ел Корео“, фудбалерот на Атлетик Билбао во текот на вчерашниот ден ги поминал медицинските прегледи и веќе утре ќе се биде официјализирано.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Граѓаните“ за доведување на Лапорте ќе ја платат неговата откупна клазула која изнесува 65 милиони евра.

Според „Ел Корео“, Лапорте ќе присусвува на натпреварот помеѓу Манчестер Сити и ВБА кој се игра во среда, но сигурно нема да биде во комбинација за настап.

Лапорте во Сити доаѓа по барање на Гвардиола кој сака дополнително да ја зацврсти и онака силната одбрана, покрај тоа станува збор за дефанзивец кој знае да игра со топка, а познато е дека токму такви фудбалери преферира шпанскиот стручњак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Постигнат договор, Лукаку се сели во Наполи

Ромелу Лукаку кариерата ќе ја продолжи во Наполи, пренесуваат италијанските медиуми. Како …