Француската фудбалска федерација упати предупредување до тренерите на фудбалските репрезентации да не дозволуваат играчите да постат за време на Рамазан.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ова ново правило, воведено за прв пат оваа година, нема да го промени распоредот на тренинзите, оброците или натпреварите, а на играчите им се препорачува да не постат за време на репрезентативните собири.
Одлуката предизвика контроверзии, а еден млад играч Махамаду Дијавара беше исфрлен од репрезентацијата бидејќи не сакаше да го прекине постот за време на собирот.
Оваа ситуација предизвика дебата за изборот помеѓу религијата и спортот. Исто така, некои млади играчи со двојно државјанство решија да не играат за Франција поради слични проблеми.