Дома Фудбал Англија Скандал на Островот: Двајца фудбалери од Премиер лигата уапсени поради силување

Скандал на Островот: Двајца фудбалери од Премиер лигата уапсени поради силување

Англиските медиуми објавуваат скандалозни вести поврзани со Премиер лигата. Двајца 19-годишници, кои се професионални фудбалери во Премиер лигата, се уапсени поради обвинение за силување минатиот викенд, информацијата е потврдена од англискатап олиција.

Не е наведено во која екипа настапуваат фудбалерите, ниту е познат нивниот идентитет, но познато е дека и двајцата играат за истиот тим кој се натпреварува во елитното ниво на англискиот фудбал.

Според британски „Телеграф“, еден од играчите бил сослушан на клупскиот стадион, додека другиот е приведен бидејќи е осомничен дека помагал во извршување на кривично дело.

Сексуалниот напад за кој се обвинети фудбалерите се случил во петокот, а жртвата веднаш се јавила во полиција, неколку часа подоцна поднела официјална пријава.

Се наведува дека клубот нема дополнително да коментира и дека работата е во рацете на полицијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ако Манчестер Сити биде исклучен, се знае каде оди Норвежанецот!

Приказната за Ерлинг Халанд и Барселона доби нова димензија, барем според информациите кои…