Дома Фудбал Скандал на Копа Америка: Судиите одбија да се поздрават со капитенот на САД 🎥

Скандал на Копа Америка: Судиите одбија да се поздрават со капитенот на САД 🎥

Репрезентацијата на САД непријатно ги изненади своите навивачи бидејќи како домаќини на Копа Америка беа елиминирани уште во групната фаза.

Изминатата ноќ тие беа поразени од Уругвај со 0:1. Американците сметаа дека се оштетени од страна на судиите, а најмногу со реакцијата се истакна Кристијан Пулишиќ.

Пулишиќ иронично по натпреварот им порача на судиите да одат на прославата со фудбалерите на Уругвај, додека тие му одговорија така што одбија да се поздрават. САД групата ја заврши како третопласирана селекција зад Уругвај и Панама, а пред Боливија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бастони под закана од суспензија, Италија повика засилување од Јувентус

Федерико Гати дополнително се приклучува на италијанската репрезентација, која би можела д…