Дома Фудбал Италија Скандал на Апенините: Уапсен претседателот на Сампдорија!

Скандал на Апенините: Уапсен претседателот на Сампдорија!

Претседателот на фудбалскиот клуб Сампдорија, Масимо Фереро беше уапсен под сомнение за проневера и перење пари, пренесуваат медиумите на Апенините.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓу сомнителните трансакции е и трансферот на Педро Обијанг кој во 2015 година премина од Сампдорија во Вест Хем за непозната сума на пари.

Овој трансфер го истражуваат органите бидејќи сметаат дека од сметката на клубот исчезнале 1.2 милиони евра. Неправилности се посочени само кај италијанскиот клуб, додека кај Англичаните се е во ред.

Еден од шестмината кои се обвинети за криминални трансакции е и Фереро. Тој преку лажни документи успеал да префрли пари во посебна компанија чии е тој сопственик.

Властите се сомневаат дека од касата на клубот се извадени 2,6 милиони евра преку фалцификувани документи и со кои Фереро успеа да купи имот во Фиренца.
https://youtu.be/qZktZEoZUTc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Овој Мундијал може да биде најефикасен досега, причина е топката!

Светското првенство во фудбал започна со 121 гол во првите 40 натпревари, што е скоро четв…