Дома Фудбал Скандалозни сцени на крајот од натпреварот: Ѕвездите на Еквадор во жесток меѓусебен дуел

Скандалозни сцени на крајот од натпреварот: Ѕвездите на Еквадор во жесток меѓусебен дуел

Иако беше време за славење поради ремито против Мексико и пласманот во нокаут фазата на Копа Америка, фудбалерите на Еквадор за малку избегнаа поголем инцидент на крајот од натпреварот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, за време на прославата, камерата ги сними Каиседо и Карлос Груезо како се удираат еден во друг и влегуваат во конфликт – иако никому не му е јасно што се случило.

Груезо во еден момент му пришол на Каиседо и му дофрлил нешто, тој тргнал кон него, но останатите соиграчи спречиле поголем инцидент. Потоа, двајцата фудбалери се повикаа да се сретнат надвор од теренот и физички да го решат проблемот кој настана.

Каиседо, инаку, беше прогласен за играч на натпреварот – негов втор во групната фаза – а Еквадор одигра нерешено 0-0 и имаше голема среќа кога ВАР го поништи пеналот за Мексико во 99. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно Гимараеш го информирал Њукасл за својата желба да се приклучи на Арсенал

Бразилскиот фудбалер Бруно Гимараеш го информираше раководството на Њукасл за своите намер…