Дома Фудбал Англија Сити скапо го плати трофејот: Гвардиола дури сега има причина да биде загрижен

Сити скапо го плати трофејот: Гвардиола дури сега има причина да биде загрижен

Манчестер Сити вчера ја продолжи доминацијата на Островот. Имено, Граѓаните после пеналите беше подобар од Челси и го освои Лига купот.

Публиката можеше да види интересен натпревар, но без многу возбудувања. На крајот вистинска лудница која ја одбележи голманот на Челси, Кепа, кој одби да излезе од игра пред пеналите.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Голманот на Челси одлично бранеше на натпреварот, но тренерот Сари одлучи да го внесе во игра специјалистот за пенали Кабалеро. Сепак, се случи несекојдневна ситуација кога шпанскиот голман одби да излезе, а Сари збесна.

Сити славеше после пеналите, но Пеп Гвардиола нема причина за славје. Се чини дека овој трофеј е скапо платен, со оглед на повредите кои ги заработија Лапорте во 46. минута и Фернандињо во 91.

Првичните информации се дека се работи за поврда на мускулите, и овој двоец ќе ги пропуштат следните неколку натпревари на тимот.

Веќе за три дена Сити на својот Етихад го пречекува Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Каков потег: Додека сите протестираат, Модриќ покажа колку е голем!

Бурни се реакциите во шпанската фудбалска јавност по вчерашниот натпревар помеѓу Валенсија…