Дома Фудбал Англија Сити покажа моќ, Арсенал падна на „Емирати“🎥

Сити покажа моќ, Арсенал падна на „Емирати“🎥

Манчестер Сити покажа дека е најдобар тим во Премиер лигата и доминираше над Арсенал во директниот дуел за титулата.

Уште во 6-та минута видовме вистинска мајсторија на Кевин де Брујн, кој имаше неверојатен слалом, а потоа од шеснаесет метри го матира противничкиот голман.

Шансите се редеа пред голот на Арсенал, Халанд имаше одлична можност, а Стоунс пред крајот на првото полувреме зголеми на 2:0.

„Граѓаните“ и во второто полувреме не застанаа и продолжија да доминираат, а Де Брујне зголеми на 3:0 на асистенција на Халанд. При самиот крај Арсенал успеа да намали на 3:1 со голот на Холдинг.

Меѓутоа, Халанд успеа да ја круниса добрата партија со гол и во судиското продолжение ги постави конечните 4:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сити има седум од седум, но Вила знае како да го запре лидерот

Манчестер сити гостува кај Астон вила со максимален учинок во Премиер лигата, но тимот на …