Манчестер Сити ќе се обиде да го искористи Бернардо Силва за да дојде до потписот на Жоао Феликс од Атлетико Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.
Атлетико Мадрид покажува силен интерес за Бернардо Силва, но не сака да се откаже од Жоао Феликс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сити е спремен ова лето да го продаде Португалецот, па ќе се обиде да го искористи да го донесе Жоао Феликс на „Етихад“.
Гвардиола е голем симпатизер на играта на Феликс, а и самиот фудбалер нема ништо против да се пресели во Премиер лигата.
Во наредните денови „граѓаните“ ќе испратат официјална понуда која покрај Силва ќе вклучува и одредена сума во кеш.
Man City are preparing to offer Bernardo Silva to Atletico Madrid in return for Joao Felix in a swap deal. [Daily Mirror] pic.twitter.com/btJjZuP3sb
— Transfer News (@TransfersLlVE) June 18, 2021