Дома Фудбал Сите ги заборавија: На клупата на Барса на дебито на Меси беа уште четири играчи од Ла Масија

Сите ги заборавија: На клупата на Барса на дебито на Меси беа уште четири играчи од Ла Масија

0

Лионел Меси пред 15 години го запиша дебито во дресот на Барселона во натпреварот против Еспањол и се останатото е историја.

Барселона тогаш беше преводена од холандскиот стратег Франк Јанкард кој даде шанса на многу играчи од „Ла Масија“, еден од нив беше Меси. Аргентинецот за Барселона дебитираше на 16-ти октомври 2006 година. На тој натпревар во игра влезе и Андрс Иниеста кој исто така се приклучи од Б екипата.

Шпанските медиуми се потсетија на дебито на Меси. Меѓутоа внимание привлекоа и останатите играчи од Ла Масија кој во тој натпревар се најдоа на клупата за резерви. Рајкард сакаше да им дава шанса на младите фудбалери, но беше јасно дека за нив нема место.

„Марка“ се потсети дека на клупата на дебито на Меси имало уште четворица играчи од Ла Масија, но никој од нив не успеа да се избори за место во првиот тим. Еден од нив е голманот Рубен Мартинез кој запиша неколку настапи во 2005 година кога го доби шанса како трет голман после. Тогаш Валдес беше суспендиран, а вториот голман Јоргуера имаше проблеми со повреда.

Мартинез бранеше на дебито 15 минути против Валенсија и беше цел натпрвар на голот против Леванте. Набрзо го напушти клубот и подоцна настапуваше за Расинг Фереира, Картагена, Малага, Рајо Ваљекано, Алмеира, Леванте, Депортиво и Осасуна.

На клупата тогаш беше дефанзивецот Кристиан Хидалго кој во дресот на Барселона одигра само една минута. Тоа се случи во шпанскиот куп кога во натпреварот против Замора влезе во игра на место на Рафа Маркез. Хидалго  потоа ја напушти Барселона и не оствари некоја поголема кариера.

Во екипата беше и Дамиан Абела кој оствари слидна кариера во Ла Лига. Бо Барселона не се изнаигра и одигра само десетина натпревари. Подоцна настапуваше за Расинг Сантандер, Бетис и Осасуна, играше и за англиски Миделсброу. Кариерата ја заврши пред три години.

Од членовите од Ла Масија во тој натпревар на клупата беше и Карлос Пена. Тој не успеа да дебитира за првиот тим. Подоцна поголемиот дел од кариерата ја помина во Секунда каде што одигра 300 натпревари. Пена играше за Албасете, Рекреативо Хуелва, Ваљадолид, Овиедо, Гетафе и Лорка.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски: Резултатите потврдија дека оваа генерација е најдобра

Во последното квалификациско коло денес во Скопје го победивме Израел и оваа победа на Мак…