Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Син му ќе игра за бронза на Мундијал, а таткото и денес продава риба на тезга

Син му ќе игра за бронза на Мундијал, а таткото и денес продава риба на тезга

Таткото на хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол, Тихомир веќе со години продава риба на тезга во Хрватска.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Минатата недела беше во Катар да го бодри својот син, но сега се врати на својата работа. Екипата на „ХРТ“ денес го средна Тихомир на своето работно место.

„Таткото Тихимир Гвардиола и денес е на своето место како и во претходните 40 години…Вели дека Јошко го боли ногата, но едвај чека да заиграп ротив Мароко“, стои во објавата.

Тихомир е човек кој ја обожава својата работа и не му е тешко воопшто да работи иако веројатно сега кога неговиот син е професионален фудбалер не би имал потреба.

„Тоа е мојот живот и го сакам. Роден сум во рибарско место, ловев риба…И денес имам врска со рибата. Едноставно тоа е го обожавам“, изјави Гвардиол за „ХРТ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Се пензионираше напаѓачот кој ја шокираше Барса во ЛШ! (Видео)

Дивој Ориги (31), напаѓачот кој стана култен херој во Ливерпул благодарение на неговите го…