Дома Фудбал Синот на Малдини дебитираше во Лигата на шампиони

Синот на Малдини дебитираше во Лигата на шампиони

Еден од синовите на легендата на Милан и италијанскиот фудбал, Паоло Малдини – Даниел синоќа го имаше своето деби во Лигата на шампиони во дресот на „росонерите“.

19-годишниот Малдини влезе во игра од клупата на мечот против Ливерпул на „Енфилд“ на местото од Анте Ребиќ.

Даниел го запише своето деби во Лигата на шампиони пред очите на неговиот татко Паоло, кој моментално е спортски директор во Милан.

Ова е трета генерација Малдини која игра за Милан во Лигата на шампиони после Чезаре и Паоло Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда нема право на кикс: Интер од Андора доаѓа на „Маракана“

Црвена звезда го пречекува Интер Ескалдес во Конференциската лига, со обврска да освои бод…