Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, верува дека неговиот тим е речиси на исто ниво со градскиот ривал Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Симоене тврди дека со заминувањето на Кристиано Роналдо двата тима се на исто ниво и не крие дека целта на „јорганџиите“ е титулата во Примера.
„Кога Роналдо замина, ние се доближивме до Реал. Секогаш се стремиме кон победи. Уверен сум дека сме претенденти за шампионскиот трофеј. Дури и кога бевме трети ние се боревме до крај“, изјави Симеоне.
Меѓутоа Атлетико оваа сезона имаше лош старт во Примера, па после три одиграни кола тимот запиша една победа, едно реми и пораз. Најголемите ривали Барселона и Реал Мадрид стартуваа со три победи.