Дома Фудбал Симеоне објасни зошто го бакнал Гризман по натпреварот со Севиља

Симеоне објасни зошто го бакнал Гризман по натпреварот со Севиља

Вчера Атлетико Мадрид со убедливи 6:1 ја победи Севиља, а интересна ситуација беше забележана по натпреварот кога тренерот Диего Симеоне го бакна францускиот напаѓач Антоан Гризман.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Многу брзо бакнежот на Симеоне стана хит на социјалните мрежи, па новинарите побараа објаснување од Аргентинецот зошто го направил тоа.

„Гризман го сакам како човек, но го вреднувам и како фудбалер. Бакнежот по натпреварот беше за неговата посветеност. По едни прекрасни години во Атлетико одлучи да замине, но потоа почувствува потреба да се врати и сега е со нас. Среќни сме што имаме таков играч на располагање“, изјави Симеоне.

Гризман во вчерашниот натпревар постигна еден гол и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се подготвува „бомба“: Јувентус може да добие спектакуларно засилување!

Според информациите на „Ла Република“, тренерот на Јувентус, Луција Спалети, изразува желб…