Дома Фудбал Лига на шампиони Симеоне доби добри вести пред натпреварот против Ливерпул

Симеоне доби добри вести пред натпреварот против Ливерпул

Oваа недела ќе продолжат натпреварите од Лигата на шампионите, а тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне доби добри вести пред мечот со Ливерпул.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Симеоне за дуелот со Ливерпул ќе може да смета на Љоренте, Хименез и Куња кои се опоравија од повредата и ќе конкурираат за стартниот тим.

Единствениот кој ќе изостане е Стефан Савиќ кој ќе мора да одработи суспензија. Атлетико во вторник од 21:00 часот во рамките од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите ќе го пречека Ливерпул.

Ќе биде ова дуел на двете првопласирани екипи во групата Б, Англичаните се први со максимални шест бодови, додека „јорганџиите“ имаат четири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Жиру не мисли на пензија: На 40 години потпишува за нов клуб!

Легендарниот француски напаѓач Оливие Жиру во септември ќе наполни 40 години, но и покрај …